| Затвор Пула 15/12/2004
Ова е моето прво писмо до јавноста после 110 дена самица во Пулските зандани на барање на озогласениот режим во Македонија.
Тешка е пораката која ја праќам од ова место, но голема е радоста што доаѓа до вас далеку од ранетата наша мајка Македонија, која ги бара своите чеда на едно место, на нашето помирување и простување.
На нас бранителите на Македонија господ не стави пред големи искушенија како заробеници на туѓата совест.
Дали ќе издржиме? Има ли излез? Каде е излезот?
Прашања кои се поставуваат во време кога пресудите се донесени однапред завршени во кабинетите а правдата заборавена.
Висат над нас и Хашките и домашните обвиненија. Но знам голем е Господ и само тој е сведок на нашата вистина.
Соочени сме со променати тези, Жртвите (БРАНИТЕЛИТЕ) се изедначени со агресорот(УЧК).
Ужасна е вистината. Сега веќе не сме изедначени, тие (УЧК) се на власт а бранителите во зандани за жал во ова владина монструозна политичка конструкција.
Ги прашувам световните (овоземните) судии од другата страна на Вардар, таму каде што е палатата на правдата, ќе можеа ли да ни судат ако ние 2001год во Кумановско-Липковскиот, Тетовскиот и Скопскиот регион не ја одбранивме Македонија.
Во овие бесони ноќи кога денот и ноќта во самицата се исти, пред очите ми излегуваат расплаканите мајки и татковци на загинатите за Македонија во Татковинската војна 2001год. Херои чии мајки ги храбревме дека не се залудно загинати нашите бранители кои беа во единиците на Лавовите, Тигрите, Шкорпионите, резервистите.
Болка ме стега во градите (она наша солна Македонска) на помислата на онаа наша 2001год на влажните ровови во Ратае, Жилче, Вратница, Тетово, Куманово, Радуша на -20С кога бранителите на чело со генералите ја одбранија Македонија.
Зарем оваа генерација ке дозволи да бидат залудни жртвите на оние кои ни ја оставија Македонија како што се Војводите, Комитите, Партизаните и во 2001год Бранителите на Македонија.
Дека нема да дозволиме го покажува нашето денешно собирање и потребата како никогаш досега да бдееме над Македонија.
Голема е вашата подршка до вас, ви благодарам искрено од длабочината на душата.
Ретко кој ја има таа чест и обврска да го носи крстот на ова тешко Македонско време да бидеш семакедонски брат да се крстат патриотски клубови во моето име, и со тоа ја потврдувате нашата праведна борба и нашиот Македонски непокор.
Моја должност е да уште еднаш се заколнам пред Бога и Вас дека нема да ја предадам Македонија и изневерам мојот народ.
Можеби се прашвате како ја гледам Македонија.
Ќе ви речам вас Способна, Независна, Слободна економски развиена, демократска, праведна и правна, држава која ке работи за интересите на поединецот (човечна држава) која ќе му се бриближи на обичниот човек, а не политичари кои ветуваат едно работат друго а трето мислат. Политиката не е цел на брзо богатење и моќ од кој се раѓа тоталиризам.
Живеам за деновите на Македонското помирување и простување бидејќи овие Господе прости им не знаат што чинат без реваншизми, тоа мора да престане.
Држава која мора својата иднина да ја гради во вера и искрено кон иселена Македонија, која ќе партиципира и гласа за иднината на Македонија и ќе учествува во власта како реактор за одлучување.
Мора да веруваме во Македонија, во нејзиното минато, во нејзината ГОЛГОТА низ која поминува денес и нејзината иднина.
Да живее единствената наша родна Македонија
Брат Љубе Бошкоски 15 12 2004год
|