
МПД Брат Љубе Бошкоски Македонски Војвода е формирано на 22-10-2004 во Мелбурн и 24-10-2004 во Сиднеј а официјално е регистрирано на 09-11-2004 во Consumer Affairs Victoria.
Членството секојдневно расте а во овај момент броиме неколку илјади членови низ цела Австралија и пошироко.
Друштвото е формирано и со благослов од Братот Љубе Бошкоски каде вели Друштвото да биде за добри намери и цели за обединување на Македонците во Република Македонија и дијаспората.
Основна цел и задача е да докажеме дека патриотизмот во душата на Македонскиот народ секогаш постоел и ќе постои и да застанеме на страната на Македонските бранители и заедно да докажеме дека Македонија постоела и ќе постои а правдата секогаш победува.
- Основачкото Коoрдинативно телo е со седиште во Сиднеј-Австралија.
- Иницијатор и основач на МПД Брат,,Љубе Бошкоски, Македонски војвода е Македонецот Злате Ангелоски кој исто е и главен координатор за формирање на друштва во другите градови во Австралија дирекно назначени од координативното тело со седиште во Сиднеј.
- МПД Брат Љубе Бошкоски, е доброволно, непартиско, невладино и непрофитабилно членовите се чесни Македонски патриоти кои што го почитуваат, респектираат и афирмираат името и делото на Македонскиот бранител Брат Љубе Бошкоски и Македонските бранители од Македонија.
|